Екипата на Победа Валандово е есенски шампион во Третата фудбалска лига – Исток!

фото: ФК Победа Валандово

Екипата на Победа Валандово е есенски шампион во Третата фудбалска лига – Исток. Екипата продолжи со одличните игри и ја совлада Брегалница Делчево со 2:1 на гостински терен. Со оваа победа, тимот од Валандово е единствениот непоразен во лигата и продолжува да го докажува својот потенцијал, со состав кој важи за еден од најмладите во трите македонски лиги.

Екипата на Победа Валандово се заблагодари на поддршката од навивачката група Калинкари, која секогаш ги следи каде и да играат. Сега нè чека работа и целосна подготовка за втората полусезона – истакнаа од клубот од Валандово.

Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

ФК Ударник триумфира на гости во Карбинци со 3:1.

Овче Поле оствари убедлива победа во Берово против екипата на Малеш со 1:5.

Тиверија на домашен терен ја декласира екипата на Светлост Зрновци со 9:3.