
Екипата на Агросмарт од Штип го освои второто место на Меморијалниот турнир „Блаже Митевски – Баге“, кој се одржува на игралиштето во село Мождивњак, Крива Паланка.
На овој турнир на кој учество зедоа екипи од цела Македонија, екипата на Агросмарт заврши на второто место, откако во финалето загуби со резултат од 4:2.
За најдобар голман на Меморијалниот турнир „Блаже Митевски – Баге“ беше избран Иван Стојановски – Шваба кој го бранеше голот токму на штипската екипа.
Турнирот се играше во формат 4+1, а беше во чест на Блаже Митевски – Баге.
Александар Ванев, М-Нет