Едно лице приведено во Македонска Каменица, физички нападнал полициски службеници

На 09.07.2021 во 21,10 часот во Македонска Каменица од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица бил лишен од слобода К.П.(25) од с.Дулица поради тоа што физички нападнал полициски службеници. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.