Брегалница се пресели на Златибор а утре „контролка“ со Морнар (Црна Гора)

Фудбалската експедиција на Брегалница од денес се наоѓа на подготовки во спортско – туристичкиот центар на Златибор каде што ќе се одиграат и неколку контролни средби. Според информациите од Извршниот директор Емил Тодев тие се сместени во хотелот Палисад, попладнево го одржаа првиот тренинг и не го кријат огромното задоволството од прекрасните услови за работа.

На Златибор се наоѓаат сите фудбалери на кои стручниот штаб сметат за новата прволигашка сезона а веќе утре, недела ќе се одигра и првиот контролен натпревар. Со почеток во 17.00 часот ќе се сретнат Брегалница и црногорскиот суперлигаш Морнар, на 14 јули противник ќе им биде Графичар од Србија а на 17 јули ќе играат Брегалница и црногорскиот суперлигаш Искра. Последниот противник на Брегалница за терминот 21 јули ќе биде познат утре за што дополнително ќе информираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk