Едно лице загина и едно е повредено во пожар во с. Грдовци, кочанско

Пожарот кои избувнал утринава во село Грдовци Кочанско, заврши со смртни последици за 48 годишниот сопственик на куќата во која и се случил пожарот, а друго лице жена на 70 годишна возраст е пренесена во Општата болница Кочани, бидејќи вдишила доста штетни гасови од пожарот. Од засега не утврдени причини, околу 6 часот утринава во станбен објект во село Грдовци, со запалени две простории, со што Против пожарната територијална единица Кочани добила повик за итна интервенција, и веднаш излегла на местото на несреќата.

„Денес во 5:55 часот добивме дојава за изгорена куќа во село Грдовци, веднаш беа упатени два тима од по едно возило и по два пожарникари. На лице место е затачена една опожарена семејна куќа каде што по неколку минути беше изгаснат пожарот и за жал затечено едно изгорено тело, починато лице. Во соседната просторија беше извадена една постара жена, најверојатно негова мајка и е пренесена во Општата болница Кочани.“ – изјави командирот на ТППЕ- Кочани, Паунов.

За случајов се известени од Секторот за Внатрешни работи Штип.

На 21.01.2021 околу 06,25 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Грдовци, кочанско настанал пожар во куќата сопственост на А.J.(48). Откако интервенирала противпожарна екипа, В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во Медицински центар – Кочани за укажување лекарска помош, додека кај А.Ј. од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се работи на утврдување на причините за пожарот.

Лаура Стојанова М-Нет