
Ракометниот клуб Куманово се раздели со еден Бразилец откако Чиао Винициус заминува во редовите на Охрид, но сега тимот на Куманово ангажираше нов Бразиелц, станува збор за Гилерме Да Силва Фернандес, кој веќе е претставен во македонскиот клуб.
Новото засилување на Куманово игра на позицијата десен бек, а во македонската Суперлига доаѓа од бразилското првенство од тимот на Сао Каетано, а претходно настапуваше во португалскиот шампионат за екипата на Артистик Аванка.
Да Силва Фернандес е висок 196 сантиметри и тежок 100 килограми и ќе биде замена за Чиао Винисиус кој премина во редовите на Охрид. Екипата на Куманово есенскиот дел го заврши на деветтото место на табелата со осум бодови на своето конто и учинок од четири победи и 12 порази, а пролетната полусезона ја стартува против шампионот Еурофарм Пелистер во Битола.
Александар Ванев, М-Нет