
Се раздвижува фудбалскиот трансфер пазар, прволигашот Воска Спорт се раздели со девет играчи, од Охрид замина Муамет Шакир, Албан Мемеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски.
Но, Воска Спорт веднаш се засили со четири странски засилувања, со турскиот голман Халил Багчи, 21-годишникот доаѓа од турскиот тим Газиантеп, 28-годишниот Јапоец Таики Когајама, кој доаѓа од Шведска, потоа со 32-годишниот интернационалец од Словенија, Филип Валенчиќ и со 30-годишниот фудбалер Туре Сиира кој доаѓа од Финска.
Со овие засилувања повеќе од јасно е дека клубот има цел за опстанок и тоа директен опстанок во Прва лига. Воска Спорт презимува на последното место на Прва лига со 12 бодови, два помалку од деветтото место кое гарантира директен и сигурен опстанок во Прва лига.
Пролетниот дел од Првата лига стартува на 16. февруари, а Воска Спорт стартува на домашен терен против Беса во дерби од дното.
Александар Ванев, М-Нет