
На 27.07.2025 во 15.08 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека настанал пожар на патниот правец Свети Николе кон Скопје, кај исклучувањето кај Преод, при што горела сува трева и грмушки, а била зафатена куќа и викенд куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Сцети Николе, а повредени лица нема.