Дупки, прашина, револтирани жители во село Чешиново – улицата се прави ама никако да се заврши

Главната улица во село Чешиново целата во прашина, се прави подолг временски период, но жителите велат тешко да биде завршена во наредната година дена. Водени по примерот од претходната улица која се правеле повеќе од една година, и сепак не е добро направена, жителите на село Чешиново велат ниту се работи, ниту очекуваат да биде добро направена. Некои од нив минат по други улици, други внимаваат, но сите согласни дека се искршени автомобилите и искинати гумите на велосипедите, возејќи по улицата која е со дупки. Дополнитело се гушат во прашина па не можат да излезат во двор или да отворат прозорец.

„Патот нема ниту да се направи, ова за ништо не вреди, не е квалитетен ни претходниот пат кој го правеа. Историска стана, прашина на сите страни, започнаа ја ама не се работи.“ – велат жителите на село Чешиново.

До кога е предвидено улицата да биде целосно завршена, прашаваме и во Општина Чешиново – Облешево, но и како многупати до сега одговор нема.