Дупки, „кал до колена“ е сликата на патот кон Мирјанина црква во Штип, надлежните на терен

„Кал до колена“ ископани дупки, вода, вакава е сликата на патот кој води до Мирјанина црква во Штип. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот или минуваат од овде со возило внимаваат, но и се молат возилото неискршено да пристигне до поскауваната дестинација, они кои одат пешки пак велат ако излезат со бели се враќаат со кафеави чевли. Врвот го достигнува темницата, заборавени од надлежните велат немаат ниту улично осветлување.

„Нека ни стават и на нас бандери, осветлување, децата кога одат на школо да се гледа кај одат. Дупките знае се веќе кој како сака ископа, водата си тече попатот“

Од кабинетот на градоначалникот денеска истакнаа дека во разговор со граѓаните заклучиле дека посѕои голем инфраструктурен проблем на овој потег кон Мирјанина црква, но и даден е итен налог на ЈП Стипион да се санира проблемот.

„На реакција на граѓаните и со разговор утврдивме дека има малку посериозен инфраструктурен проблем на патната инфраструктура и од тие причини дадовме итен налог на ЈП Стипион за веднаш да се санира проблемот за понатаму граѓаните слободно да си ги извршуваат дневните активности“ – кажа Ангелова.

Ќе се реагира и на проблемот со уличното осветлување вели Шорова, а дополнително во тек се активности за расчистување на дивите депонии во овој дел од градот.

Инаку, на терен денеска ги видовме и надлежнните кои преземаа работни активности за затворање на дупката и санирање на проблемот со водата која течеше по патот.

Лаура Стојанова М-Нет