ДУИ е загрижена од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Северна Македонија.

По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година, велат од ДУИ.

„Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа“.

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Тие со повик и до албанската опозиција.

„Да ги поддржaт политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан“, велат од ДУИ.

Текстот ДУИ е загрижена од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа е превземен од МАКФАКС.