„Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања“, велат од ДУИ.
„’Вреди’ постои како име за пропаганда. Партиите, претседателите, печатите и личните интереси продолжуваат да постојат одделно.
Сè околу нив е изградено врз измама: се претставија како промена, а донесоа деградација; ветија застапеност, а произведоа исклучување; го побараа албанскиот глас и го употребија за слабеење на албанскиот политички фактор.
‘Вреди’ е инженерски создадена структура за расцепкување на албанскиот глас, намалување на неговата политичка тежина и предавање на одлучувањето во рацете на други центри на интерес. Маглата околу организацијата, финансирањето и политичките спонзори на овој проект само ги продлабочува сомнежите за неговата вистинска цел.
Политичка измама спакувана како обединување. Група лични интереси продадена како национална кауза“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Текстот ДУИ: „Вреди“ е измама од темел до врв е превземен од МАКФАКС.