
Утринава нешто по 6 часот падна дрво на улицата „Широк дол“ во Општина Штип. Причина поради која паднало дрвото се бара во силниот ветер кој е пристен во Штип, а според управата за хидрометереолошки работи во текот на денот ветерот од југоисток дуваше со 22 километри на час. При падот на дрвото, паднала и бандера при што граѓаните од овој дел од градот останаа без електрична енергија. Екипи на ЈП „Стипион“ беа на терен веднаш по пријавата од страна на граѓаните.
„Во раните утрински часови од страна на граѓаните на Општина Штип беше пријавено дека во населбата Широк дол или кај таа улица има паднато дрво кое има оштетено и бандера која што не е во сопственост на Општина Штип односно на ЈП Стипион. Екипите на ЈП „Стипион“ излегоа веднаш на терен дрвото беше отстрането, беше пријавена бандерата дека е падната односно оштетена и веднаш беше исклучена од струја.“ – кажа Ефтимов.
При падот на дрвото истовремено и на бандерата нема повредени луѓе за среќа. Инаку од претходната недела ЈП „Исар“ ја земало на користење корпата од ЈП „Стипион“ со цел да се санираат старите дрва во Општина Штип, со цел да не се повторува ваква слика.
Лаура Стојанова М-Нет