
Уште 15 дена до законски предвидениот рок за наплата на данок на имот. Од Општина Штип апелираат до граѓаните и фирмите навремено да го платат својот данок на имот, со цел да не им се пресметува камата за ненавремено плаќање или пак да се применува присилната наплата на данокот на имот.
„Апелираме до граѓаните и фирмите дека треба да го платат донокот на имот до 15 ноември кога завршува рокот за наплата. Потоа општината за неплатените решенија мора да пресметува камата или да се оди кон непопуларната мерка за присилна наплата.“ – вели Каров.
Оваа година најголем одзив од страна на граѓаните и фирмите за наплата на данок на имот имаше на почетокот, во месец март и април, дециден е Каров. Овој период заради изборите наплата е малку помала. Но, радува факотот што од година во година даночните оврзници стануваат подисциплинирани и навременно го плаќаат данокот на имот.
„Споредбено со претходните години процентот за наплата секоја година се зголемува, даночните обврзници стануваат подисциплинирани и до овој момент општината има наплатено од очекувани 60 милиони 35 милиони од данокот на имот.“ – додава Каров.
До крајот на годината се очекува да се надмине 70% од наплатата на данок на имот. Парите собрани од данокот се инвестираат во капитални проекти.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет