Гласаат болните и немоќни лица, во Чешиново – Облешево пријавени двојно повеќе споредбено со првиот круг

Започна гласањето на болни и немоќни лица во домашни услови, во општините каде се избира градоначалник во втор круг од изборите. Во Општините од Истокот се гласа во шест општини. За разлика од првиот изборен круг денеска бројот на болни и немоќни лица кои ќе гласаат е зголемен. Во Општина Чешиново Облешево, од 56 првиот круг денеска има пријавено 125 лица за гласање дома.

„Во нашата оптшина имаме 5062 гласачи. Пријавени за гласање дома имаме 125 избирачи.“ – додава Минова Богданова.

Болните и немоќни лица во село Облешево, кои денеска гласаа во домашни услови велат секој треба да го оствари своето демократско право на глас.

Во избирачкото место 0882 имаше пријавено 15 болни и немоќни лица, двојно повеќе споредбено со првиот избирачки круг.

„Денес гласаат болни и изнемоштени лица. Има пријавени 15 лица за разлика од претходниот круг кога имаше само седум“ – вели Димитрова.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии.

Во Истокот се гласа и во Кочани, Виница, Зрновци, Македонска Каменица и Пробиштип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет