Донирани по 20 топки на клубовите од Трета лига Исток

ФОТО: ФФМ

Во просториите на ОФС Кочани на клубовите кои се натпреваруваат во Третата лига Исток им беа доделени по дваесет фудбалски топки, со цел да им се помогне на секој клуб.

Од ОФС Кочани упатија голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Омерагиќ за донираните топки и помошта и поддршката која ја даваат на ОФС Кочани и сите членки на сојузот и тоа е потврда дека грижата за сите клубови без разлика на ранг на натпреварување е приоритет.

Првенството од Трета лига Исток започнува на 7 септември.