
За време на денешната прес конференција министерот Венко Филипче ја потврди информацијата дека докторка специјалист и сестри од штипското инфективно одделение се во самоизолација. Во
тек на вчерашниот ден постоеше фејсбук преписка помеѓу координаторот на ВМРО ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов и директорот Ален Ѓеоргијев. Јорданов го обвини директорот на штипската
болница за недоволна грижа за персоналот и недостаток на заштитен материјал во болницата. Оваа изјава беше демантирана од страна на директорот Ален Ѓеоргијев, чиј демант нашиот портал вчера го објави во целост.
По денешната информација за изречениот карантин на персоналот од инфективно одделение граѓаните се прашуваат “Кој е во право, и дали навистина медицинскиот персонал е соодветно заштитен во време кога лекарите најсоодветни за третирање на вирусот први страдаат”.
Благој С.