
Дождлива недела и посвеж почеток на новата работна седмица. Од денес до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и благ пад на температурите особено во недела и понеделник, носејќи краток здив од летните температури. Летото се уште не си заминува, но ова е потсетик дека есента пополека чука на врата. Затоа чадор во рака и малку потопла облека барем до вторник.
,,Вакво време ќе се задржи до крајот на денот, ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Наместа ќе има и услови за излорина појава на невреме.“, рече Ризова
Времето се очекува да се стабилизира веќе од вторник, според информациите на Ризова. Децидна дека се уште не очекуваат топли денови.
Инаку, со промеливото време лекарите препорачуваат граѓаните да бидат претпазливи, особено хронично болните лица. Редовно да ја пијат својата терапија и да внесуваат доволно течности со цел да бидат заштитени во текот на промените. Индекот на квалитетот на воздухот, денес достигна 42 ниво просечно, што значи дека квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица.
Иван Митев, М-Нет