
Доделени гранд при наградите на десетиот јубилеен детски театар во организација на Дом на култура Ацо Шопов Штип. Претставата Тоби го освои првото место, едногласно од жири комисијата, бидејќи како што истакнаа тие прекрасно е чувството да се гледа оваа детска претстава.
„Во името на комисијата за гранд при на десетиот јубилеен детски театар во организација на Дом на култура Штип ја имавме таа чест, јас Ирена Китанова, Благој Серсемов и Трајче Кацаров как членови од оваа комисија да ја доделиме наградата едногласно за претставата Тоби во изведба на театарот за деца и младинци од Скопје. Им честитаме.“ – кажа Китанова.
Награди се доделија и за најдобра сценографија и костимографија, кои и припаднаа на театрската претсава Малата сирена, која веќе четири години е дел од кумановскиот репертоар.
“Имаме награди за Малата сирена, за сценографија и костимографија.
Ви благодариме на сите и навистина е чест што сме добитници на оваа награда за претставата Малата сирена. Тоа е една претсатава која ќетири години се игра во кумановскиот репертоар, навистина има публика секој пат кога се игра.“
Фестивалот Малиот принц во Штип започна на 30 септември оваа година. Беа вклучени седум театарски претстави, од шест града од државата, а почетокот беше со креативен перформанс со магионичари, принцови, принцези, живи статуи и кловнови, многу подароци за пристутната публика. Целта на фестивалот беше театарската култура да се воспостави уште од мали нозе кај децата. Фестивалот беше финансиски поддржан од Министерството за култура, а свои средства вложи и Центарот за култура Ацо Шопов Штип.
Лаура Стојанова М-Нет