Директорска промена во штипските градинки ги скара власта и опозицијата во Штип

Шпекулациите запромена на директорките во двете штиспки градинки се потврдени истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека ветувањата заштипјани остануваат само на лист хартија,а граѓаните се сведоци на кадровски промени со сомнежи закриминал.

Па оттука се поставува прашањето, дали сомнежите за криминал во детската градинка “Астибо” и кривичната пријава за директорката Мусева со овој потег на Јорданов се потврдуваат и дали ова е обид за прикривање на тој криминал и замајување на јавноста? Додека ветувањата за штипјани, остануваат само на лист хартија, граѓаните секојдневно сведочат кадровски промени и сомнежи за криминал од најблиските соработници на Јoрданов. Би ги споменале само дел од првите луѓе на Јорданов за кои веќе се водат постапки пред соодветните институции, како Вишна Шорова Ангелова-секретар на Општина Штип која пред очите на целокупната јавност градеше дивоградба, па се обидоа да се покријат со ретроактивно издадена дозвола за градба, Маролив за кој има основи на сомневање дека направил злоупотреба со нафтата за греење на основните училишта, по што беше тргнат од позицијата личен шофер на градоначалникот за да се замајува јавноста,“ -велат од СДСМ.

Текстот на прес конференцијата е нарачан од Централата по примерот “не ме гледајте што правам слушајте што зборувам”. Вратија од ОК на ВМРОДПМНЕ Штип.

“Централата” која незаконски и неосновано од позиција на моќ, преку своите партиски послушници злоупотребува институции во политички цели. Самиот “Презентер” на нарачаниот текст, извршуваше ВД функција во ЈУ Центарот за социјални работи Штип во три мандата и доколку не беше избрана за Советник, веруваме дека и денес ќе ја вршеше должноста по 7 пат. Седум години имаат вршител на должност во ЈУ МЦСР Штип, сегашниот ВД Виктор Горгиевски има веќе 4 мандат, надлежност над институцијата има Министерството за труд и социјална политика со истиот инспекторат но немаат “политичка” желба за вршење на надзор и толкување на одредбите од Законот, на само нив познат начин. Поставени се вршители на должност спротивно на Законот за административни службеници во Агенцијата за вработување Штип и Државниот Архив одделение Штип и за истото граѓаните сеуште чекаат одговор од институциите и да не заборавиме дека сеуште чекаме одговор дали се вратени финансиските средства на сметката на КБ Штип, од сопругата на Претседателот на СДС Штип Јане Миланов, по пресудата на надлежните институции кои утврдија дека обвинетата и осудена, незаконски прибавила лична материјална корист оштетувајќи го буџетот на КБ Штип. “ – стои во одговорот на ВМРО ДПМНЕ.

Лаура Стојанова М-Нет