Директорите на јавните претпријатија ќе бидат потпретседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Тројца потрпетседатели ќе има ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Кандидатите кои влегоа во потесната трка за изборе на претседател ќе бидат потпретседатели, а еден од нив ќе биде член. Комуникацијата е на високо ниво, посочи претседателот Душко Иванов, кој беше дел од нашата емеисија Зум Анализа. Тој додаде дека во овој момент се оформени сите структури на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ.

„Директорите на јавните претпријатија ќе бидат потпретседатели на ОК, директорите на ЈП Исар и ЈП Стипион и уште еден од против кандидатите Кире Зајков ќе биде исто така потпретседател, а Бојан Кереместевски ќе биде член на ОК. Така да соработката со сите противкандидати е на одлично ниво. Во претходните два месеци се оформија сите структури на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ. Имаме нов претседател на Унија на жени, на млади сили, унија на ветерани, така да структурата е направена“ – кажа Иванов.

Со ваква стурктура на Локално ниво Иванов истакна дека се подготвени да излезат на предверемни парламентари избори, кои според него се неопходни во државата.

„Во секој случај според мене тоа е неминовно да се случи во државата, од причини што ние имаме една ерозија на целокупниот систем на државата, тргнувајќи од извршната власт, законодавната и судската власт. Тие се три сегменти кои се доста важни за функционирање на една држава“ – додаде Иванов.

Ваквиот начин на владеење кој според Иванов е присутен во државата, граѓаните го гледаат и заради тоа единствен излез од ваквата ситуација се предвремени парламентарнни избори.

Лаура Стојанова М-Нет