Европско кино под отворено и вечерва во Штип, влезот бесплатен

Четири филмови за два дена под отворено небо на летната сцена во Дом на Млади Штип. Штипјани вчеравечер имаа можност да уживаат во филмовите „Законот на шепите“ и „Атлас“, а вечерва ќе се прикажат фимовите „Северен пол ” и „Вселенското момче”. Ова е дел од Европското патувачко кино, кое започна во Влаландово, а завршува во Штип пред главните денови кои следниот месец ќе се одржат во Скопје. Директорот на Дом на млади Штип, Кире Денов истакна дека вчерашната посетеност е на задоволително ниво, а истото се очекува и за вечерва. Влезот останува бесплатен.

„Вчерашната вечер помина многу добро, имаше добра посетеност, се емитуваа два филма, имаше и дискусија со модератор и присутни професори од УКИМ поврзана со филмовите. За оваа вечер ќе се емитуваат два филмови „Север пол“ и „Вселенското момче“, за дискусија ќе биде присутен Радан Митровиќ од скопското астрономско друштво исто со модератор Јована Горгиевска. Исто како и вчера и денесак влезот е слободен. Оваа година за прв пат го организираме ова во соработка со МКЦ и Europe house Скопје , значи патувачко кино под отворено небо. Ова преставува загревање за cinedays кој ќе се одржува на 14, 15 и 16 јули во Скопје“ – кажа Денов.

Истовремено Денов истакна дека летово штипјани на летната сцена во Дом на млади ќе може да уживаат на повеќе настани кои се дел од Штипското културно лето. На шести јули пред штипската публика ќе се претсават Студени нозе, а каратата е со симболична цена од 100 денари.

„На шести јули ќе започне штипско културно лето, 37 по ред. После официјалното отворање во Дом на млади на шести јули ќе се оддржи концерт на Студени нозе, на големата летна сцена очекуваме штипската публика да дојде, добро да се забавуваме со добра евергрин македонска музика. “ – додаде Денов.

Во текот на штипско културно лето во Дом на млади Штип ќе има уште два концерти и една промоција на книга.

Лаура Стојанова М-Нет