
За помалку главоболки првиот човек на КЈП Водовод Кочани, Иван Иванов, си поднесе оставка од директорската функција. Иванов во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека од први јули веќе заминува на друго работно место, во приватниот сектор, за подбро работно место од досегашното.
Одлуката на сѐ уште актуелниот директор на претпријатието, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја коментира како лична, додавајќи дека ќе се бара ново кадровско решение.
Иван Иванов на функција директор на КЈП Водовод дојде на 1 декември 2021 година, на местото на Андреј Киров. Иванов беше внатрешно решение во претпријатието и на примопредавањето на директорската функција истакна дека ќе се труди претпријатието да се движи во нагорна линија, а граѓаните да ги добиваат своите потреби.
Лаура Стојанова М-Нет