
Директорите на градинките ширум државата со барање да се олабават мерките за бројноста на децата во градинките. Впрочем заради зголемениот интерес на родителите нивните деца да одат во градинка се зголемува и потребата за зголемување на бројот на дечиња во градинките, бидејќи градинките имаат капацитет, простории и кадар, па од овде и барањето да има поголем број на деца во групите е оправда според нив.
„Во последно време имаме се повеќе барања од страна на родителите за враќање на децата во градинка односно оние дечиња кој што со отварањето на градинките на 9ти септември не почнаа да посетуваат градинка, како и за упис на нови дечиња. Истата ситуација се случува во цела Македонија, ние како директори на градинки бараме олабавување на мерките и зголемување на бројноста на дечиња во градинките“ – истакна директорката на градинката „Астибо“ , Трајчевска.
Конкретно во Штип, барање за зголемување на бројот на дечиња во групите во градинките, од страна на родителите или заинтересираност за сите возрасни групи.
Најголем интерес има за објектот „Виножито“ и за објектот „Бамби“, а слободни места има останато најмногу во „Јасли“ во одредени објекти како и за средна и мала група во објектите „Цветови“ и во матичниот објект „Астибо“. Воспитувањето и образованието за најмалите во општеството е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Со оглед на овој факт детските градинки ширум државата па и во Штип, со своето започнување со работа од 9ти септември минатата година, ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет