Во Пробиштип утре,сабота ќе се прогласи најдобриот спортист за 2020 година

Утре, сабота 6 февруари во Пробиштип ќе бидат прогласени најдобрите спортисти за 2020 година. Поради пандемијата изборот ќе следи по строго утврден критериум на заштитни протоколи а ќе се изврши во локалот Friends во Пробиштип со почеток во 15.00 часот. Како што веќе најавивме за спортист на Пробиштип комисијата го избра македонскиот одвојкарски репрезентативец Иван Андонов, втор на ранг листата е Филип Николовски а на трето место е Ели Јаковска. Понатаму следуваат Катерина Поп Димитровска, Мартин Манасиевски, Ангелче Тимовски, Филип Савовски, Даниел Нацевски, Даниел Божиновски и Бојана Петкова.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk