Диоптрија – најчеста причина со која дечињата се соочуваат уште од најрана возраст

Диоптрија е најчестата причина со која дечињата се соочуваат уште од мали нозе. Специјалистот по офталмологија доктор Кристина Шишарица посочи дека најчесто станува збор за далекувидност или кратковидност, но во таквите ситуации и големо влијание има наследната компонента, што би знчело дека еден од родителите би носел очила. Многу честа сигуација е кога проблемите со видот кај дечињата се јавуваат уште во многу рана возраст, а тоа е резултат на честата изложеност на светлината од таблетите и телефоните.

„Кај дечињата најчеста причина за намален вид е некаков вид на диоптрија. Најчесто станува збор за далекувидост или кратковидност. Во таквите ситуации најчесто има и наследна компонента, однонсно некој од родителите носат очила и кај дечињата тоа може да биде потенцирано односно да се јави во порана возраст кога поминуваат подолго време пред екраните, таблетите и телефони.“ – изјави Шишарица

За да се избегнат ситуации од ваков тип, најдобро е да се направи рутински прегледи кај секое дете до три годишна возраст. Доколку има потреба да се провери и да се одреди диоптријата со давање на соодветна корекција за да се развие видот како што треба.

„Така да најчесто станува збор за некаков вид на диоптрија и најдобро и она што го препорачуваме е да се направи рутински преглед кај секое дете до три годишна возраст, за доколку има потреба од очила да се провери и да се одреди диоптријата со давање на соодветна корекција за да се развива видот како што треба.“ – додава Шишарица

Апелираат да се прават рутински прегледи еднаш во годината доколку не се забележуваат некакви промени, а доколку почуствуваат некакви промени со видот веднаш да се обратат во ординацијата во која ќе се направи офталмолошки преглед.

Лаура Стојанова, М-Нет