Димитриеска-Кочоска: Минималната плата ќе ја разговараат работодавачите и работниците, договорот ние ќе го прифатиме

Минималната плата ќе ја разговараат работодавачите и работниците и тоа што ќе се договорат, министерството за финансии ќе го прифати. Министерката Гордана Димитриеска Кочоска во денешната изјава вели дека минималната плата опфаќа многу мал број на државни службеници. Истакна дека тие немаат ништо против тоа што ќе се договорат обете страни.

“Значи вака ние направивме анализа. Минималната плата ќе ја разговараат работотдавачите и работниците, а ние ќе го следиме процесот и тука што ќе се договорат меѓу себе, тоа ќе го прифатиме, зошто, затоа што во изминатиот период на база на направени анализи , констатиравме дека минималната плата, како компонента, која што влијае на платите во државните органи опфаќа многу мал број на државни службеници, сите останати не се поврзани, така се дефинирани. Така што како држава ние немаме ништо против тоа што ќе се договорат двете стрнаи, ние тоа ќе го поддржиме.“, вели Димитреска-Кочоска

Toa што е обврска кон државата, тие ќе треба да си го платат вели Димитреска-Кочоска, бидејќи како што истака таа давачките не се високи

По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет