Едни бојкотираат, други влегуваат во маркетите, ваква е ситуацијата во Штип

Едни бојкотираа, други влегуваа во маркетите, ваква беше денешната слика во Штип. И покрај иницијативата која неколку дена се распространува низ државата, сепак ова е доказ дека нема сплотеност помеѓу граѓаните. За М-Нет телевизија на терен тие велат дека бојкотот не се почитува и истиот нема да направи промени.

Граѓаните сепак остануваат на ставот цел ден да не влегуваат во маркет, велат до крај ќе си го бараат своето.

Инаку, иницијативата која за прв пат се случи во Хрватска доби голема поддршка од широката јавност, но и од партиите, од власта и од опозицијата. Ваквите акции се најавени и во Србија, Босна и Хервеговина, како и Црна Гора и Словенија. Во државава надлежните институции најавуваат ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти, како и инта реакција на терен.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет