
Бојкот во маркетите, ама бојкот и на пазарите, повторно слаба раздвиженост. Разочарани продавачи велат, трет петок е намалена раздвиженоста на пазарот во Штип. Оние што беа излезени, велат дека торбите се празни, бидејќи она што продавачите го нудат, не е складно за нивниот џеб. Едногласни за М-Нет дека ова е дополнителна нервоза.
Продавачите велат дека веројатно бојкотот во маркетите делува и на пазарот, па ове ќе означува и занив проблем.
Инаку овој петок се продаваше и свежата марула, како и мад кромид, кој се доста барани за периодов. Се купуваше и сувото овошје, но и мумурузно брашно за оние кои што ги знаат старите рецепти.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет