Дејан Митров, Владимир Егоров и селекторот Бобан Данов заминуваат на Светското првенство во борење

Дејан Митров, Владимир Егоров и селекторот на македонската репрезентација во борење, Бобан Данов, заминуваат на Светското првенство во Белград, кое ќе се одржи од 16. до 24 септември. Митров за М-Нет Телевизија вели дека е добро подготвен и се потпира на искуството, па заедно со спортската среќа очекува добар пласман. Ова ќе биде и првото квалификационо натпреварување за Олимписките игри во Париз во 2024 година, за кои првите четворица ќе обезбедат олимписка норма.

Се очекуваат околу 2000 учесници од повеќе од 90 земји, соопштина од Српскиот боречки сојуз, кој го организира натпреварувањето. Предвидени се натпреварувања во слободен стил, борење за жени и борби во грчко-римски стил. Белград по вторпат ќе биде домаќин на Светското првенство, кое се одржува во Белградската арена и ова е првпат еден град да биде двапати по ред домаќин на Светкото првенство во борење. Домаќин годинава требаше да биде Русија, но беа лишени од домаќинство поради суспензијата. Најавен е и голем интерес од наши сограѓани кои ќе заминат во Србија да ги бодрат нашите репрезентативци.

Ребека Спасова М-Нет