Дефект на подземен кабел дел од штипјани ги остави без струја и вода речиси два дена

Населба „Суитлак“ во Штип, „Блок 77“ и дел од „Леваците“ оставени без електрична енергија речиси два дена. Бидејќи и нивните хидрофори работат на струја, граѓаните се оставени во време на пандемија и без вода и без електрична енегрија. Дел од граѓаните своите рекации и својот револт го искажаа на социјалната мрежа фејсбук, со разни натписи и статуси. Бараат решавање на нивниот проблем. Одговор побаравме и од ЕВН. Од таму во телефонски разговор за нашата телевизија истакнаа дека екипи веќе работат на дефектот на подземен кабел. Се даваат напори, меѓутоа се работи со струја па мора да има претпазливост.

„ Екипи на ЕВН веќе се на терен, работат и вложуваат напори да се расчисти проблемот, и граѓаните да добијат електрична енергија. Проблемот е дефект на подземен кабел. Според информации кои ми ги кажаа колегите на терен, за час до час и половина електричната енергија треба да се пушти, но повторувам се работи со струја и мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе се реши дефектот и дека ќе дојде електрична енергија. Исто така, барам разбирање од страна на граѓаните“ – истакнаа од ЕВН.

Лаура Стојанова М-Нет