
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш за пролетниот дел од сезоната се засили Игор Јаневски, фудбалер кој доаѓа од редовите на прволигашот Силекс од Кратово.
20-годишниот Јаневски е играч за врска кој има 20 години, кој е дете на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, има настапувано и за екипте на Вардар и Њу Старс.
Радовишкиот тим предводен од стратегот Горан Здравков во пролетниот дел од сезоната влегува во изменет лик во однос на есенскиот дел, со доста промени во играчкиот кадар.
Екипата ја темпира и формата за пролетниот дел откако одигра и пријателски натпревари со екипите на Кожуф 0:0 и прволигашот Брера кој го доби со 0:2, а радовишани утре против Беласица ќе се тестираат во Струмица.
Александар Ванев, М-Нет