
Македонија вечерва ја забележа втората победа на Светското првенство откако во главната фаза славеше над репрезентацијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ со резултат од 39:34.
Момците на Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар со максимална контрола над резултатот, на самата игра, генерално не му дозволивме на противникот да го превземе резултатот и да има контрола над истиот.
Како во првото така и во второто полувреме игравме на ниво, а во последните десеттина минути комплетно го надигравме Катар во секој сегмент од ракометната игра.
Кај Македонија најдобри стрелци беа капитенот Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, а пак кај Катар беше Марзо со 11 гола. Најдобар играч на натпреварот беше избран Марко Митев.
Александар Ванев, М-Нет