
Денес се одиграа натпреварите од вонредното 24. коло од Трета лига – Север, лидерот Куманово на тешкото гостување во Слупчане ја доби Беса Влазрими со 1:2.
Кристијан Ивановски погоди за 0:1, а Абдурим Ајдини израмни на 1:1 на полувреме.
Во вториот дел беше неизвесно, а искусниот Дарио Десниќ беше херојот на Куманово кој погоди за конечни 1:2.
Шкендија Арачиново доби службени три бода (0:3) бидејќи Петровец кој веќе беше отпаднат, се откажа од натпреварување.
Фортуна и Аеродром ремизираа играјќи 2:2. За домашниот тим погоди Мифтар и Синани, а пак за гостинот погоди Стојановски и Алексовски.
Пехчево и Еуромилк ГЛ ремизираа играјќи 1:1. Голубов погоди за ланскиот второлигаш, а Сулемани за некогашниот прволигаш.
Башкими Љуботен со 2:1 го доби мечот со БВК Коњаре. Фетаи и Хакими беа стрелци за домаќинот, а Смајовиќ за гостинот.
ССК Нова со 3:5 загуби дома од Риниа. Двоен стрелец за “фенерџијата” беше Мемедовски, а еден гол постигна Филимановски, за гостинот погодија Имери, Чилафи, Арифи, Демировски и Јусуфи.
Кадино дома загуби од Бутел со 1:2. За домаќинот стрелаше Стојановски, а за гостинот Божиновски и Спасовски.
Лидер е Куманово со 64 бодови, а Шкендија Арачиново е втора со 63 бода.
Александар Ванев, М-Нет