
Десенска е Св. Антониј, утре Св. Атанас. Редици граѓанија уште рано утрово ја исполнија градската црква во Штип, правејќи матенија пред иконата на Светиот преподобен Антониј Велики и молејќи се за душен мир, добро здравје и неимерна среќа. Пред камерите на М-Нет телевизија, верниот народ вели и за овие два празника се прават домашни слави и имендени, денеска петок со посна, а утре со мрсна трпеза. Вербата во Бога е единственото нешто кое на човека може да му даде надеж, сила, утеха, засолниште, спасение додаваат анкетираните.
Дека верата е се помалку присутна, согласни анкетираните. Велат, дека денеска повеќе младите веруваат, а повозрасните речиси и не.
Инаку, светиот преподобен Антониј или уште познат како Андон, се смета за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Кога некој боледува од лудило, на глава, на раце, на нозе на утроба, покрај постелата му се става иконата на св. Андон, а веднаш потоа доаѓа спасението.
Иван Митев, М-Нет