Гужва на последниот петок од јануари во Штип, како „топол леб“ се трошеше зелената салата

Гужва на последниот петок од јануари на пазарот во Штип, како топол леб се троши зелената салата. Иако крај на месецот, сепак побарувачката денеска голема. Граѓаните бараа кромид за зелената салата, компири и моркови од зеленчук, а мандарини, киви и калинки од овошјето. Цените за некому скапи, за друг дел купувачи прифатливи, затоа што се помалку има производители, а младите тешко влегуваат во нива.

Дека побарувачката на зелената салата овој петок е голема согласни и производителите. Велат од утрово масовно се продав салата, но и многу количини на комир и мандарина.

На последниот петок од јануари се продаваше и многу домашни чаеви, зачини, свежи јајца, изболиство на јаткасти плодови, како и земјени садеви за подготовка на домашни традиционални јадења.

Иван Митев, М-Нет