Дерби на Еурофарм Пелистер и Охрид, Радовиш по први бодови против Струга

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Седмата рунда од ракометната Суперлига на Македонија ни го носи и дербито меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и амбициозниот Охрид, натпревар кој ќе се одигра во Битола каде ќе се води голема борба за двата бодови.

Битолчани имаат пет победи и еден пораз од Вардар, а против Охрид гледаат само на триумф, додека пак „гладијаторите“ во Битола одат за седум од седум и сочувување на врвот од табелата.

Охрид како клуб веќе се подигра неколку скалила, со одлична работа во секој сегмент, со добар и компактен тим ќе конкурира и повеќе од јасно ќе се вмеша во трката за титулата.

Бисинов на домашен терен во Велес ќе го пречека апсолутниот фаворит Алкалоид, каде момците на Кирил Лазаров очекувано ќе треба да ги обезбедат двата бодови против дебитантот.

Вардар ќе гостува кај Прилеп во меч каде двокатраниот европски шампион они само на победа и нови два бодови на своето конто, а пак за прилепчани се освен пораз ќе биде вистинско изненадување.

Повратникот во Суперлигата, екипата на Радовиш и понатаму нема бодови на своето конто, иако пред радовишани беше тежок распоред каде се соочија со фаворитите и класа подобри од нив екипи на стартот од сезоната, но сега против Струга ќе ги бараат првите бодови и прв позитивен резултат. Струга како домаќин на овој меч оди на втор сезонски триумф, кој може да им донесе прогрес на табелата, а радовишани ќе мораат да го барат рецептот за триумф.

Неизвесен, но и клучен меч ќе се одигра во Кавадарци во борбата за место во плеј-офот, каде Тиквеш ќе го пречека тимот на Бутел од Скопје. Кавадарчани не тргнаа според планот, а сега пополека фаќаат приклучок и позитивни резултати со кои се пробиваат кон местата за плеј-офот.

Бутел со шест бодови е на петтото место односно на место кое води во плеј-офот, а пак Тиквеш е шестти со бод помалку, исто така во зоната за плеј-оф, па практично триумфот на овој меч може да направи пресек кон борбата за осигурување на местото за плеј-оф завршница.

Пролет на домашен терен ќе го пречека Куманово каде исто така се очекува еден неизвесен меч. Двете екипи се на делба на осмото место со по четири бодови, а Пролет кој сака место во плеј-офот ќе мора да атакува на дури втор сезонски триумф.

Седма рунда може да донесе доста промени на табелата, може за првпат екипи да доживеат пораз, а некој и да дојде до први бодови.

Александар Ванев, М-Нет