
Новата сезона во Третата кошакарска лига на Македонија ќе започне на 26. октомври, а во истата ќе се натпреваруваат 21 екипи, кои ќе бидат поделени во три групи по седум екипи.
Група А со седум екипи, група Б со седум екипи и група В со седум екипи.
Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Тетекс, Феникс Баскет, Љуботен, Дебар, Гостивар, Младинец и екипата на Куманово. Во групата Б се екипите на ИБА Баскет, Хераклеа, Овче Поле, Чаир, Конзули и Спортисимо. Во групата В се сместени екипите на Струмица, Гевгелија, Баскет Кам, Вардар, Ролинг, Дино Баскет и Шкупи.
Во првиот дел ќе се одиграат седум кола, а пак во вториот дел натпреварите од осмото до 14. коло.
Во првото коло од група А екипата на Феникс Баскет дома ќе игра со Куманово, Младинец со Љуботен, а пак Дибра Иглс со Гостивар, во првото коло слободна ќе биде екипата на Тетекс.
Во првото воведно коло од група Б екипата на Мега Баскет ќе игра со Чаир, Конзули со Овче поле, Хераклеа против Спортисимо, а пак ИБА Скопје ќе биде слободен тим во првото коло.
Во рамки на првото коло до група В екипата на Вардар ќе игра со Ролинг, Дино Баскет против Баксет Кам, Гевгелија оди против Шкупи, а пак Струмица ќе биде слободна.
Александар Ванев, М-Нет