Денот на Кирил и Методиј одбележан и во Пекинг, се рецитираа песни од македонски поети

Културен настан по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј се организираше во амбасадата на Македонија во Пекинг. Амбасадорот Сашко Насев во име на вработените во македонската амбасада во Пекинг подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и се надева на успешна идна соработка во иднина.

Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Глаголица“ од Анте Поповски. Во настанот се вклучи и македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и проф. Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште во Пекинг.

Светите браќа Кирил и Меториј заслужуваат заеднички да се слават бидејќи го стандаризираат старословенскиот книжевен јазик – истакна Пенчов во совојот говор.

„Зар не го дишиме воздухот сите еднакво, па како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви – ова се дел од кажаните зборови на Кирил во неговата веницијанска бесада во Венеција каде го бранел старословенскиот јазик.

Во настанот учествуваа и колеги од Кина, Шпанија, Виетнам, Филипини и рецитираа поезија од македонски и кинески поети. За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче”и Јовано Јованке”, „Назад, назад Калино моме”. “

Настанот е организиран на иницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Опис: Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј одбележан и во Пекинг, се рецитираа песни од македонски поети

Лаура Стојанова, М-Нет