Денес започнува првенството во ТМФЛ – Исток во кое ќе се натпреваруваат 12 екипи

Се остварија најавите од „куќата на фудбалот“ и според предвиденото денес ќе стартуваат натпреварите во Третата Македонска фудбалска лига – Исток. Годинава се пријавија и ќе се натпревауваат 12 екипи од кои повеќето се со традиционално богато поранешно искуство, но новите времиња доведоа до мала стагнација на фудбалот во овие источни градчиња.. Радува ова ново поддувнување на фудбалскиот ветер на истокот кој еве да се надеваме дека ќе донесат пријатни фудбалски моменти и некои нови идни фудбалски таленти. Ждрепката сакаше во првото третолигашко коло да се состават следните парови:

Малеш ( Берово ) – Овче Поле (Св.Николе)

Карбинци – Брегалница ( Делчево)

Работник ( Лозово) – Василево

Чешиново – Тиверија (Струмица)

Раклиш – Хоризонт (Турново)

Спартмани( Градско Балдовци) – Детонит (Радовиш)

Сите натпревари ќе се одиграат денес недела 11 октомври со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk