Брегалница и Тиквеш извојуваа нови победи и ја продолжуваат битката за лидерското место

Попладнево се одиграа натпреварите од редовното 7 коло на ВМФЛ – Исток во кое екипата на Брегалница оствари висока победа против тимот на Слога од Виница изразена се резултат 6:1.

Резултатот изгледа висок, Брегалница навистина прикажа добра игра, но истото тоа се однесува и за екипата на Слога која играше отворено и притоа преку Антонио Бујчевски имаше три стопостотни шанси а Бојан Спасевски ја погоди и стативата на Брегалница . Покрај шесте постигнатои голови Брегалница имаше уште неколку поволни можности , но не беа реализирани.

Стрелци на головите за Брегалница беа Ристе Наумов и Дарко Додев по 2 а Мартин Стојанов и Андреј Кудијан од пенал постигнаа по еден гол. Стрелец за почесниот гол на Слога беше Александар Бујчевски.

Екипата на Кит Го со голот на Оливер Христов славеше со резултат 1:0 на гостувањето кај Плачковица во Радовиш. Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:

Брегалница – Слога В 6:1

Плачковица – Кит Го Пехчево 0:1

Тиквеш – Победа 3:0

Кожув – Каменица Саса 1:1

Осогово – Росоман 5:4

Тиквеш и Брегалница го делат првото место на табелата со по 17 освоени бодови а на третото место екипата на Кожув има 12 бодови.

Драги Герасимов – Пушка