
Денеска во Дом на млади Штип се одржа настан по повод Денот на Европа, во организација на Делегацијата на ЕУ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На настанот беа промовирани можностите што ги нуди програмата Erasmus+, која отвора нови хоризонти за младите, студентите и професорите. Присутните имаа можност да слушнат искуства од учесници кои биле дел од Еразмус мобилности и кои зборуваа за личниот и професионалниот развој што го добиле преку програмата. Како што кажа Ана Михајлова која е директор на национална агенција за европски програми и мобилност , студентите споделиле дека иако на почетокот чувствувале страв и неизвесност, по првото учество секогаш посакувале повторно да бидат дел од Еразмус+ искуството.
„Денеска го прославуваме Денот на Европа, заедно со делегацијата на ЕУ, заедно во соработка со националната агенција за европски образовни програми ги промовиравме сите можности на програмата ERASMUS + што ми е многу драга, затоа што денеска освен претставници од амбасадите и јас како директор на националната агенција слушнавме и многу позитивни искуства од страна на студентите и професорите кој што биле на Еразмус мобилност, кој што биле и какви се можностите, и какви се промените после враќање од една еразмус плус програма. Денеска слушнавме дека студентите малку биле скептични, исплашени да во програмата, но сепак секој којн аплициралм прв пат, секогаш сака повторно да оди на Еразмус+ програмата, затоа како што и самите кажуваат ги прави многу посамоуверени, лично се развиваат, профезионално. Најважно е студентите да изберат комплементарен факултет кој што го учат и во нашата држава, за да можат да им бидат приџнаени сите кредити кои ќе ги стекнат во странство преку програмата. Најпозитивната страна е тоа што студентите не губат семестар кога одат на еразмус плус мобилност. Студентите се апсолутно ослободени бидејќи еразмуус плус програмата ги покрива сите трошоци кои им се на студентите, во различна држава, различен е надоместокот на сумата која ја добиваат, бидејќи секоја држава има различен економскии стандард.“- Ана Михајлова, директор на национална агенција за европски програми и мобилност
Како што истакна Ана Михајлова, најважно е студентите да изберат комплементарен факултет со студиската програма што ја изучуваат во нашата држава, со цел сите кредити стекнати преку мобилноста да им бидат признаени, без да изгубат семестар, а програмата во целост ги покрива трошоците за нивниот престој и образование во странство.
Михајлова беше децидна дека секој оној кој има можност, да се пријави на еразмус плус програмата и да се стекне со нови искуства.
Дајана Сандева, М-Нет