
Во насока за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на општина Македонска Каменица, вечерва екипи на ЈП “Камена Река” извршија дезинфекција на најфреквентните улици и тротоари во градот.
Дезинфекцијата спроведена како една од препорачаните мерки за спречување и заштита од коронавирусот се вршеше со раствор од хлор, а по однапред направен распоред на приоритетни и најфреквентните улици во градот.