
Осум пациенти денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет пациенти кои се лекуваат во странство денеска ќе се вратат во државата. Како што истакна министерот за здравство, Таравари, сите се во добра и стабилна состојба, а веќе за утре се очекува да се вратат уште два пациенти во државата.
„Моментално во Скопје се лекуваат 22 пациенти, сите во стабилна состојба. Денеска планираме осум исписи и ќе останат 14 пациенти. Во странство повторно добри вести, остануваат 91 пациенти, девет се враќаат денеска, три од Унгарија, двајца од Италија, еден од Грција, еден од Белград и еден пациент од Шведска“ – вели Таравари.
Критични и понатаму остануваат четири пациенти кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека. Подобри се од вчера вели Таравари, но се уште се во тешка здравствена состојба.
„Критични пациенти – добиваме и за нив добри информации. Иако се се уште во тешка состојба, сепак се подобри споредбено со вчера.“ – додава Таравари.
Во меѓувреме од наредната недела ќе се работи на специјализанти, подобрување на условите за работа во здравствените установи, а се разгледува и можноста за отворање на центар за изгореници во државата.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет