
Штипски Исар очекува драстично намалување на мсетката за електрична енергија, со новата мерка снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, односно преку субвенционирање на разлика во цената на струјата. Според директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков ако се намалат сметките за струја, тогаш ќе може да се сервисираат и останатите долгови во претпријатието и истото да се одржува во ликвидна ситуација.
“Ако се остварат барањата кои преку АТКОМ ги поднесовме како иницијатива до Владата, да излеземе на регулиран пазар, тоа значи дека ќе имаме позначително намалување на трошоците, со што ќе можеме тие средства кои беа предвидени за плаќање на сметките за електрична енергија да ги пренасочиме кон сервисирање на старите долгови кои ни беа останати, и да плаќаме и од новите сметки и да функционираме нормално“ – кажа Здравков.
Последната сметка за струја на ЈП Исар е 5,5 милиони денари, а берзанската цена на струјата која плаќаат е 40 денари за киловат час, но со новата мерка, ако актуелната цена на струјата е 12 денари за киловат час во тој случај Здравков очекува месечната сметка да биде околу 2,5 милиони денари. Посочи дека годинава комуналните претпријатија се соочија со големи финансиски проблеми, токму од енергетската криза. Но, од друга страна радува фактот дека се исплатени 30 милиони денари од долговите за само 11 месеца.
„До сега за 11месеци имаме сервисирано 30 милиони денари стар долг кон Министерството за финансии. Тоа се 500 илјади евра долг кој не бил плаќан во последните години. Задоволни сме што во една ваква енергетска и економска криза успеавме да сервисираме дел од тој долг, но сепак долговите се големи оставениод минатото така да ние ги држиме во една ситуација на ликвидност“ – додава Здравков.
Сметките за електирчна енергија кои пристигнаа во изминатиот период се сервисираат на рати со направен договор со добавувачот и на тој начин претпријатието се одржува ликвидно, а со тоа и навремено се изврпуваат обврските и услугите кон граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет