
Одржано редовното годишно собрание за лица со оштетување на видот, на кое конкретно се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат слепите лица. Покрај оштетувањата кои ги имаат со видот, не изостануваат и нивните проблеми за извршување на секојдневните обврски, набавување на најпотребните намирници, излегување до продавница, набавка на лекови. Бидејќи дел од нив останале сами, па така и мораат да се приспособат на ваквиот начин на живот, без постојана придружба од друго лице.
Потребата од асистент на слепите лица кои останале сами, како и инфраструктурата која е неопходна за да можат истите безбедно да се движат се дел од проблемите за кои беше дискутирано на собранието.
Претседатело на Зружението на селпи лица на Македонија, на денешното собрание и разработуваше токму овие проблеми со кои се соочуваат самите слепи лица, како и изнаоѓање решение за многу други проблеми.
Ова Здружение за слепи лица функционира на ниво на пет општини во Источниот дел на државата, односно Штип, Радовиш, Пробиштип, Карбинци и Конче. Вкупно брои 100 членови од кои 74 се од Штип, 14 од Радовиш, 12 од Пробиштип. 30% од челновите се со целосно оштетен вид, а останатите 70% имаа оштетување на видот од 97 до 99%. Член на Здружението на слепи лица може да биде лице кое има оштетен вид повеќе од 90% и се плаќа членарина од 200 денари годишно.
Лаура Стојанова М-Нет