Брегалница и Кит Го Пехчево ја отворија фудбалската сезона во Штип

По мошне ветровито време на вештачкиот терен во Бело Брдо екипите на Брегалница и на Кит Го Пехчево го одиграа првиот контролен натпревар. За текот на досегашните подготовки и за активностите во идниот период Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев изјави дека е задоволен од досегашниот тек кој се одвива во Штип и дека во идниот период подготовките ќе ги продолжат во нивната база во Пехчево. Ќе се одиграат повеќе „контролки“ а во првото коло ќе се сретнат со Слога во Виница.

Шефот на стручнот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од досегашниот тек на подготовките, играчите се сите во задоволителна здравствена и физичка подготовка и во продолжение подготовките ќе се одвиваат во Дојран. Договорени се повеќе контролни средби а амбициите за пролетниот дел се да се освои првото место и во сто годишниот јубилеј Брегалница да навлезе во прволигашкиот строј.

Инаку натпреварот Брегалница – Кит Го Пехчево заврши со резултат 1:1( 0:0) стрелец на водечкиот гол за Кит Го беше Бошко Ступиќ а резултатот за Брегалница го израмни Ристе Наумов.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk