
Две Ему птици и еден мајмун павијан, пристигнаа во ЗОО паркот Бриони Штип. Оваа донација животни е од страна на ЗОО паркот Битола, а истите се на возраст од околу осум месеци. Како што посочи Докторот по ветеринарна медицина Зоран Божинов, граѓаните можат да доагаат секој ден од 10 до 16 часот и да ги уживаат во новитетите на зоолошката градина во Штип.
,,Тоа се две ему птици, млади птици на возраст некаде околу седум, осум месеци, кои што се донација од битолската зоолошка градина, со кој имаме ние договр за соработка. Тоа се тие две птици и имаме мал млад примерок на мајмунче павијан, гривес бабун, кој е донација од ЗОО Битола. Па паркот е отворен секој ден од 10 часот до 16. Тоа е зимски распоред, а во летен период работно време е продолжено до 20 часот. Секој работен ден, немаме празници и делнци , граѓаните слободно можат да дојдат и да уживаат.“, рече Божиков
Нови животни се планира да се донесат напролет, рече Божиков, бидејќи како што рече тогаш температурите се најповолни за адаптација на животните.
,,Да, секако, само сега во овој период зимскиот нема многу донации, тоа пвоеќе на пролет се практикува да се носи нови животни, кога и температурите се многу по хумани, а со тоа и новите животни по лесно би можеле да се адаптираат. Од сега се планира, на пролет да имаме.
Инаку, Зоо паркот бриони е отворен секој ден од 10 до 16 часот во зимен период, а истиот има за цел да ги прикаже животните од светот и да создаде убави мигови на граѓаните од истокот.
Иван Митев, М-Нет