Покачени цени пред нoвогодишните празници на пазарот во Штип, граѓаните во шок од цената на оревот

Покачени цени пред новогодишните празници на пазарот во Штип, граѓаните во шок од цената на оревот. Иако гужва имаше, сепак побарувачката значително помала од претходниот петок. И оние што купуваа, велат наместо еден килограм, купуваат по пола, за да имаат финансии за предстојните празници. Најмногу се бараа мандарините, а по слабо доматот и пиперот.

Продавачите пак велат, цените се идентични како и претходните петоци, ако цените ги спуштат, велат нема да можат да ги покријат патните трошоци.

Инаку, овој петок се продаваше последен праз, ајварски пипер, зимно грозје, чаеви, волнени чорапи, бркалки и многу доашни зачини за сите домакинки.

Иван Митев, М-Нет