
Започнува најавената градежна офанзива и во Општина Карбинци. Во периодот кој следи ќе се работи на три улици, две во село Карбинци и една во село Радање, најави градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
„Во Општина Карбинци периодов кој следи ќе се зголемат градежните активности. Имено она што го започнавме пред извесно време ќе продолжи и понатаму со забрзана динамика. Се работи за три нови улици за кои веќе се избра изведувачот и дговорот е потпишан и ќе пристапиме кон реализација за истите. Тоа се две улици во должина од 400 метри во село Карбинци и една улица со должина од 150 метри во село Радање“ – кажа Паунов.
Истовремено Паунов најави и работа, односно изградба и реконструкција на спортски терени на територијата на Општина Карбинци кои се дел од неговите предизборните верувања.
Во меѓувреме завршено е уредувањето на парковата површина на влезот во село Таринци, односно околу веќе постоечката пешачка патека просторот е хоритикултурно уреден и направена е зелена паркова површина.
Лаура Стојанова М-Нет